Search
Close this search box.

О Г Л А С За доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода ( Сл.Гласник на општина Кисела Вода бр. 04/2019), и Програма Н1 и НА за основно образование за 2021 ( Сл.Гласник на Општина Кисела Вода бр.01/2022), Општина Кисела Вода  објавува

 

О Г Л А С

За доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од

Општина Кисела Вода

  1. 1.        Право на учество на огласот имаат сите ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода по услови и критериуми утврдени воПравилникот за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од општина Кисела Вода ( Сл.Гласник на Општина Кисела Вода бр. 04/2019).

 

  1. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

– Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми за да бидат предложени за доделување парична награда:

 

1. Степенот на натпреварување во повеќе области:

    –   Државни натпревари

(За освоено прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста кои се акредитирани од соодветни установи и институции, добиени во тековната учебна година на државно ниво).

–          Меѓународни натпревари

(За освоено прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста кои се акредитирани од соодветни установи и институции, добиени во тековната учебна година на меѓународно ниво).

–          За предмети за кои нема организирани државни и меѓународни натпревари ќе се земат во предвид општинските натпревари организирани во основните училишта

(За освоено прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста добиени во тековната учебна година)

 

–          Дополнителен критериум

Учество во настани за промовирање на училиштето, тим за работата во училиштето ( еко тим, ученичка заедница, тим за уредување…)

 

Поради вршење на бодовна евалуација, кандидатите задолжително да достават копија од дипломите за освоени места на официјални државни и меѓународни натпревари.

 

–          Единечна – индивидуална награда ( за освоено прво, второ или трето место на државни и меѓународни натпревари).

–          Групна награда (Група на ученици – хор, оркестар, техничко образование и сл. за освоено прво, второ или трето место на државни и меѓународни натпревари).

 

Наградувањето ќе се врши во форма на еднократна парична награда.

 

2. Еден кандидат не може да биде награден повеќекратно, а во предвид ќе се земе највисокиот постигнат резултат. Постигнатите резултати се однесуваат на тековната учебна година.

 

3. Кандидатите задолжително треба да ги исполнуваат следните услови и да ја достават следната документација:

– Да е редовен ученик во воспитно-образовна установа на територија на Општина Кисела Вода верифицирана со акт од Министерството за образование и наука.

– Мислење од класен раководител.

– Мислење од ментор.

– Мислење од Наставнички совет.

– Фотокопија од дипломи за остварен резултат.

– Копија од трансакциона сметка на родител/старател.

– Копија од лична карта на родител/старател.

– Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител – старател на ученикот.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Ученикот треба да достави БАРАЊЕ  кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди на талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода.

Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од родител/старател на ученикот.

Рокот за пријавување започнува од 06.06.2022 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака – “За избор на талентирани ученици” – Комисија за доделување на награди за талентирани ученици од општинските основни училишта на Општина Кисела Вода.

 

Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк:

 

КЛИКНИ ТУКА ЗА БАРАЊЕ

КЛИКНИ ТУКА ЗА ИЗЈАВА

Споделете:

Scroll to Top