Љубителите на спортот, во сабота и недела бесплатно ќе имаат можност да проследат два спортски натпревари.
Во сабота, екипата на ЖКК БАДЕЛ 1862 – Скопје од Кисела Вода ќе и се спротистави на екипата на ЖКК ВАРДАР – Скопје.
Имено, овој дерби кошаркарски натпревар е во рамки на последното коло од регуларниот дел од натпреварувањето во прва лига – жени. Истиот ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 19:00 часот. Влезот за посетителите е бесплатен.
– Овој натпревар е од исклучително значење за екипата на ЖКК БАДЕЛ 1862 – Скопје, затоа што со евентуална победа во регуларниот дел од натпреварувањето би имале биланс од меѓусебните натпревари од три победи и еден пораз, што би значело старт во финалето од плеј офот со еден нула, а кој се игра во три добиени натпревари. Нашата екипа се подготвуваше напорно во изминатиот период за овој натпревар, и очекуваме безпоштедна борба за секоја топка, неизвесен и борбен натпревар. Ги повикуваме нашите гледачи и пријатели на клубот од Кисела Вода да дојдат во што поголем број, за да им дадат подршка на нашите девојки, изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.
Покрај овој натпревар, во недела во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ силите на теренот ќе ги одмерат ракометните екипи на Мегалург Јуниор и РК Преспа. Натпреварот кој е во рамки на првата ракометна лига ќе се одигра со почеток во 13:00 часот.