Search
Close this search box.

Оглас за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории

Врз основа на член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02) и член 3 од Одлуката за критериумите, постапката и начин за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории бр.09 – 8669/6 од 25.12.2017 година донесена од Советот на Општина Кисела Вода, Градоначалникот на Општина Кисела Вода, објави оглас за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории.

 

1.Предмет на огласот е доделување по 2м3 огревно дрво на семјства од социјално ранливи категории (приматели на постојана парична помош, корисници на социјална парична помош и самохрани родители) од страна на Општина Кисела Вода, и тоа за семејства од членови жители на Општина Кисела Вода на кои им е потребен овој вид на помош.

 

2. Огревното дрво ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина Кисела Вода од страна на семејства од социјално ранливи категории од точка 1 на овој Оглас, со уредно приложена документација на увид.

Критериуми за доделување на огревно дрво на семејствата од социјално ранливи категории од точка 1 на овој Оглас се:

  • сите лица од семејсвото да се жители на Општина Кисела Вода, кој факт ќе се потврди со приложување на увид на важечка лична карта или друга исправа за лична идентификација од носителот на постојана парична помош, корисник на социјална парична помош или самохран родител, со што ќе се потврди територијалната припадност (живеалиште) на подрачје на Општина Кисела Вода,  
  • во прилог кон барањето, носителот на постојана парична помош или корисникот на социјална парична помош потребно е да достави во фотокопија примерок од важечко решение за остварување на постојана парична помош или за остарување на социјална парична помош,
  • својството на самохран родител од подоленаведените ситуации се докажува на следниот начин:

            – кога едниот родител е починат, со препис на извод од матична книга на умрените;

            – за разведен брак со правосилна судска пресуда,

            – доказ дека родителот (самохран родител) не е во брачна заедница со препис на извод од         матична книга на родени не постар од шест месеци, или дека родителот не е во вонбрачна       заедница со изјава дека не е во вонбрачна заедница,

            – дека едниот родител се води за исчезнат со доказ од надлежен суд,

            – а за родителот (самохран родител) во ситуација во која другиот родител се води за непознат,    со препис на извод од матична книга на родените на детето.

Барателите,  потребно е да приложат фотокопија од важечка трансакциска сметка.

Рокот за поднесување на барањето со потребната документација е најдоцна до 15.01.2018 година до 16,30 часот архивата на Општина Кисела Вода секој работен ден од 08,30 часот до 16,30 часот.

Дополнителен критериум на доделување на огревното дрво за барателите кои ги исполниле погоренаведените критериуми е „прв дојден – прв услужен“.

 

3. Градоначалникот ќе донесе решенија за доделување на огревно дрво на барателите кои ги исполниле погоренаведените критериуми врз основа на писмено мислење од Комисијата која ќе ја формира за оваа намена, составена од вработени во општинската администрација и од членови на Советот на Општина Кисела Вода.

Комисијата во постапката на разгледување и оценувањето на приложената документација, има право да побара од барателите дополнителни документи или увид во оригинална документација која е доставена во фотокопија и увид во домот на барателот заради констатирање на фактот дали барателот користи огревно дрва за греење на домот.

 

4. Сите поднесени барање кои се некомплетни нема да бидат разгледувани, за што подносителите на некомплетните барања ќе бидат известени по писмен пат.

 

5. Незадоволните учесници на огласот можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на добивање на известувањето. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

 

6. Овој оглас ќе биде објавен во дневен печат „ВЕЧЕР“ и „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“, кои се дистрибуираат на целата територија на Република Македонија, во текот на еден ден, како и на WEB страната на Општина Кисела Вода: www.kiselavoda.gov.mk, и со истакнување во месните и урбаните заедници на територија на Општина Кисела Вода.

 

 

Споделете:

Scroll to Top