Завршен турнир во женска одбојка од училишните спортски игри во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода, се одржа вчера во салата Независна Македонија.
Во присуство на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, играа најдобрите одбојкарски екипи од основните училишта на територија на Општината.
Во полуфиналните натпревари играа ООУ “Партенија Зографски” со екипата на ООУ “Круме Кепески”, каде победата ја понесе ООУ “Партенија Зографски”.
Во дуелот помеѓу “Кирил Пејчиновиќ” и “Кузман Шапкарев”, победија одбојкарките од “Кирил Пејчиновиќ”.
Третото место и припадна на екипата на ООУ “Круме Кепески, а во финалето ООУ “Партенија Зографски” го победи ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, по што градоначалникот на Општина Кисела Вода, Темелковски им ги додели медалите.
За најкорисен играч на одбојкарскиот турнир беше прогласена Ана Јаничиќ од ООУ “Партенија Зографски”.
Завршницата на училишните спортски игри е полн ек. Во среда се игра фајнл фор во футсал во салата Архиепископ Доситеј во 12:30 часот, а во четврток и петок во 12:30 во салата Независна Македонија, ќе играат надобрите машки кошаркарски екипи од од основните училишта во Општина Кисела Вода.