Љубителите на одбојката утре ќе имаат можност бесплатно да го проследат дерби натпреварот помеѓу екипите на Јанта Волеј и Куманово.
-Утре го играме четвртиот натпревар во финалната серија до три победи со екипата на Куманово. Вчера нашите девојки победија во Куманово со резултат 0:3, по сетови 23:25, 13:25, и 27:29. Доколку го добиеме овој натпревар ќе станеме шампиони во сениорска категорија на Македонија, а доколку загубиме во недела ќе се игра петти натпревар во Куманово. Покрај ова, сакам да додадам дека ние сме единствена екипа која учествува на сите финални натпревари во сите конкуренции. Нашите младинки освоија бронза, а сениорките се борат за злато. Воедно, пионерките на 19.05.2018 година играат финален натпревар во Струмица, додека кадетките на 20.05.2018 година исто така играат финален натпревар на домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“. Верувам дека во сите категории тимот од Кисела Вода ќе се закити со пехари и медали. За крај, сакам да нагласам дека за нашиот успех многу сме благодарни на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и одделението за спорт кои ни овозможија непречена работа и напредок во одбојката – изјави тренерот на женскиот одбојкарски клуб Јанта Волеј, Горан Јаневиќ – Јанта.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток во 20:00 часот.