Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода дел од акцијата за пошумување на Цементарница Усје

Општина Кисела Вода се приклучи во големата акција за пошумување на Цементарница Усје АД Скопје. Претседателот на Советот Трајче Донев и раководителот на секторот за човечки ресурси при општина Кисела Вода Николче Гроздановски, заедно со директорот и вработените од оваа компанија, како и  жители од општината, засадија дрвца во населбата Припор, во близина на Цементарница УСЈЕ, дел од предвидените 5500.

 

Се работи за 3000 садници чемпреси, 2000 багреми, 250 тополи во висина од 5 метри и 250 јавори во висина од 3,5 метри. Засадените садници во вегетативен период ќе имаат капацитет за апсорпција на 900 кг јагленрод диоксид и да произведат 600 kg кислород по хектар дневно.

-Ја поздравуваме оваа акција на Цементарница Усје АД Скопје и драго ни е што можеме да дадеме сопствен придонес во неа, бидејќи се работи за активности за зачувување на нашата околина, за средината во која живееме. Грижата за животната средина е одговорност на секој поединец, а посебно на институциите на системот. Општина Кисела Вода ова го знае и преку своето работење настојува да ја потврди сопствената стратешка определба-здрава, чиста и развојна животна средина-изјави Трајче Донев, претседател на Советот на општина Кисела Вода на денешната акција за пошумување.

Споделете:

Scroll to Top