Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода легализираше една третина од дивоградбите на своја територија

Општина Кисела Вода легализираше нови 50 дивоградби на своја територија. Со денешното доделување на решенијата, со правен статус се стекнаа 50 нелегално изградени зданија, со што е решена една третина од пристигнатите барања за легализација или вкупно 3454 предмети.

 

Водејќи се од премисата дека воспоставувањето на урбанистички ред и успешното заокружување на процесот на легализацијата на дивоградбите на оваа територија претставува заеднички интерес-и на граѓаните и на локалната самоуправа, општина Кисела Вода, воведе низа мерки за олеснување и на самиот процес, со што од неславен лидер по бројот на дивоградби, се етаблираше како локална самоуправа со најдобра динамика на решавање на предметите.

 

За граѓаните, ова значи историска можност да се стекнат со сигурност. Да станат реални сопственици на својот имот и да можат правно да располагаат со него. Општината пак, може да носи и носи нови урбанистички планови во кои ги впишува и новолегализираните објекти, со што се овозможуваат услови и за нови градби, доградби, надградби…

Во интерес на граѓаните и развојот на општината и во наредниот период континуитетот на на легализација на дивоградбите, ќе продолжи да се одвива со несмалена динамика.

Споделете:

Scroll to Top