Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода му додели благодарница на најдобриот македонски каратист Дејан Недев

Во рамки  на денешната седница на Советот, општина Кисела Вода му додели благодарница на најдобриот македонски каратист Дејан Недев за особен придонес во развојот на спортот на оваа територија.

 Во присуство на советниците, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и претседателот на Советот Трајче Донев, му честитаа за неговиот неодамнешен успех постигнат на Обединетиот Светски Карате Шампионат во Копер, Словенија, од каде се врати со прво место и златен медал.

 

-Ни претставува особено задоволство што денес имаме можност вака, јавно да ја изразиме нашата благодарност за успехот што нашиот најдобар каратист, Дејан Недев го оствари пред се, за себе, како спортист, но и за нашата држава. Имено, тој на  Обединетиот Светски Карате Шампионат во Копер, Словенија, кој се одржа од 14 до 18 октомври 2015 и на кој учествуваа над 1300 каратисти од 68 држави, освои прво место и златен медал во дисциплината фуку-го. Голема е честа што во нашата општина имаме ваков спортист чии успеси значат многу за македонскиот спорт и кој е вистински амбасадор на својата земја-истакна претседатлот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев.

Каратистот Дејан Недев се заблагодари за укажаната чест и потенцираше дека во својата 30 годишна кариера спортист, постигнал многу успеси и добил многу награди, но дека му е посебно задоволство што го добиваова признание, од општината во која живее.

 

Споделете:

Scroll to Top