Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода отпочна со изградба на атмосферска и фекална канализација во Пржино

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, придружуван од страна на Бојана Ацева, член на Советот на општината, го означи почетокот на градежните работи за изградба на фекална и атмосферска канализација во населба Пржино.

Општина Кисела Вода со цел да им обезбеди подобри услови за живот на жителите на населбите Пржино и Црниче, на ул. Зеленгора започна со активности за изградба на фекална канализација во должина од 82 метри и атмосферска во должина од 66 метри.

На теренот градежните активности ги изведува фирмата АД Енергомонт Скопје. Според планот истите треба да завршат до крајот на овој месец. 

Споделете:

Scroll to Top