Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода се справува со снегот на своја територија

Се расчистуваат улиците низ општина Кисела Вода. Работниците на фирмата “Анизор”, ангажирана од страна на општина Кисела Вода беа излезени на терен во текот на целата ноќ, а нивните активности продолжуваат и денес.

Заедно со сезонските работници, со помош на камиони, со механизација за расчистување на снегот,  беа фрлени околу 20 тони сол. Интензивно се работи на расчистување на просторот околу градиниките и основните училишта, се интервенира и на автобуските постојки. Кризниот штаб на општина Кисела Вода е во постојана координација и со службите на ЈП “Улици и патишта” кои ги расчистуваат главните улици.

Општина Кисела Вода апелира до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

Споделете:

Scroll to Top