Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода со помош за опожарените семејства

Во текот на вчерашниот ден, Општина Кисела Вода, во соработка со Комунална Хигиена Скопје, спроведе акција за изнесување на кабаст отпад од опожарените станови на семејствата од зградата на ул. Народни Херои, и транспортирање на истиот до Дрисла.

 

Во акцијата од опожарените станови се исфрли изгорениот материјал, врати, мебел, итн, со што беа собрани четири камиони кабаст отпад.

Акцијата е продолжување на активностите на Општина Кисела Вода за помош на граѓаните кои беа дел од немилиот настан. Имено, веднаш после пожарот, за секојдневно расчистување на изгорениот материјал од становите, беа ангажирани дванаест до петнаесет сезонски работници, со соодветна опрема, обезбедена од општината, како заштитни маски, ракавици, работнички одела, чизми, лопати, метли и канти. Отпадот беше пренесуван со камион. До вчера, 25.06.2019 година собрани се 7.500 тони кабаст отпад.

Дополнително, Општина Кисела Вода на граѓаните од опожарените станови им помага и во делот со сместувањето.  Во преговори сме и со повеќе компании од овој дел на градот кои ќе ја покажат својата општествена одговорност и ќе им помогнат на граѓаните кои претрпеа штета откако тие ќе ја достават потребната документација.

Општина Кисела Вода, ја користи можноста, уште еднаш да им обрне внимание на своите жители, со цел спречување на немили настани кои придонесуваат до огромни материјални штети и сериозни здравствени и животни загрозувања, превентивно да ја проверат исправноста на електричната инсталација и да ја санираат истата доколку има потреба, како и да стекнат навика за контрола и исклучување на електричните кога не се користат и кога нема никој во домовите. Општината секогаш ќе биде тука за своите граѓани и ќе им ја обезбеди потребната поддршка, но сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство, и граѓаните треба сериозно да размислат околу потребата од осигурување на својот дом. Тоа е нешто што  обезбедува материјална сигурност од непожелни и ненадејни настани, било да се работи за човечки фактор или за огромната сила на природата.

Споделете:

Scroll to Top