Општина Кисела Вода ќе им помогне на двете семејства од Драчево, Тодевски и Силјановски, кои неодамна претрпеа голема штета во пожарот што ги зафти нивните куќи. По иницијатива на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, Советот на општината акламативно ја донесе одлуката на овие семејства да им се исплати парична помош во вредност од по 30 000 денари.
Оваа одлука претставува прва помош по несреќата, а општина Кисела Вода ќе настојува и дополнително да им излезе во пресрет и да помогне во рамки на своите можности, се’ со цел побрзо решавање на нивните проблеми и враќањето на достоинствените услови за живот кои им ги уништи пожарот. Воедно, општината им се заблагодарува на сите добронамерни и хумани граѓани кои се одзваа на апелот за помош и преку своите донации за овие две семејства ја покажаа својата хумана страна.