Search
Close this search box.

Основците од Кисела Вода учесници во спортски игри организирани од Агенцијата за млади и спорт

Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски и други претставници од Општината, денес присуствуваа на спортски настан во ООУ “Партенија Зографски”, организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт, во соработка со локалната самоуправа. Истиот претходи на отпочнувањето на Европската недела на спортот насловена “Be Active”.

Основците од сите училишта на територија на општина Кисела Вода, предводени од своите наставници по физичко воспитување, имаа можност да се дружат и да учествуваат во одредени активности како, спортски лавиринт, скокање на јаже и мали пријателски спортски натпреварувања, како и да се запознаат со некои од нашите Амбасадори на Европската недела на спортот.

Сите овие активности се во насока на зајакнување на спортскиот дух  и поттикнување на и здравите навики на живеење.

 Општина Кисела Вода во многу наврати и со бројни проекти потврдува дека се залага за развој на спортот на локално ниво, за што говорат и многу успеси од страна на наши ученици, дури и на меѓународно ниво. Учеството во настанот што го организираат го координираат вработените во Агенцијата за млади и спорт, е само еден од нив.

Европската недела на спортот трае од 23-30 септември. Преку неа, се предвидува активно вклучување на граѓаните во спортот, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Споделете:

Scroll to Top