Search
Close this search box.

Отворен спортско-рекреативен центaр во Теферич

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го отвори спортскиот центар во Теферич, Припор, кое го носи името на момчето за кое прерано згасна животот, Александар Ивановски.

Во негова чест, настанот започна со  едноминутно молчење. Новиот спортско-рекреативен центар се протега на околу 800 квадратни метри. Со градежниот зафат, тој доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, фудбалско игралиште со вештачка трева, а обезбедени се и паркинг места.

default

Припор не смее да биде заборавено место како што било во минатото, истакна во своето обраќање градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој додаде дека наскоро започнува рекострукција на игралиштето во ПОУ “Круме Кепески” и дека во моментот активно се работи на обнова на улиците во ова населено место.

default

-Александар Ивановски, ова малечок е во твоја чест! Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски го отворивме спортскиот центар во Теферич, Припор, кое име го носи на момчето за кое прерано згасна животот, Александар Ивановски. Младо момче, наш сограѓанин и другар, ученик и син за кого животот само што требаше да започне…Нека ти е вечна слава! Твојот спомен засекогаш ќе остане врежан во нашите срца! Обично ваквите настани ги започнуваме со аплауз, но сега, оддаваме почит со едно минутно молчење. Во негова чест.

Почитувани, Припор, како што знаете, е едно од местата кое беше заборавено од моите претходници, но тој третман останува таму, во минатото. Ние, во изминатиот период се потрудивме и сѐ уште силно работиме на рамномерен развој како за Припор, така и за останатите населби. Поддршката од припорчани сум ја имал секогаш и затоа го давам својот максимум да ги исполнам очекувањата и барања на мојот народ. Така е и со овој спортски центар во Теферич, кој доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, вештачка трева за фудбалското игралиште, како и паркинг места. Така ќе биде и со игралиштето во подрачното училиште каде што никој шајка нема заковано со години, игралиште на кое му е потребна реконструкција и за десеттина и таму започнуваме со работа. Моментално работиме и на реконструкција на повеќе улици овде во Припор и се трудам максимално да одговорам на сите ваши потреби за кои во минатото никој немал слух. Заедно со вас, во иднина ќе направиме уште повеќе. Го имате мојот збор.

default

Нека е аирлија, а јас и понатаму ќе продолжам со работа и само работа за поквалитетен живот на мојот народ-изјави градоачалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top