Search
Close this search box.

Пензионерите во градскиот парк на „Школка“ бесплатно ќе можат да рекреираат со искусни фитнес инструктори

Општина Кисела Вода информира дека од 14.05 до 11.06.2019 година, секој вторник со почеток од 11:00 часот во организација на Агенцијата за млади и спорт во градскиот парк во Скопје, на „Школка“ сите пензионери бесплатно ќе имаат можност со искусниот тим на Powerhouse Pilates да вежбаат, да спортуваат. 
Активностите на пензионерите ќе бидат исполнети со многу забавни настани на кои тие ќе се дружат и подобро ќе се информираат за придобивките од вежбањето на различни спортски дисциплини.
Агенцијата за млади и спорт, кампањата на ЕУ „БидиАктивен“ преку проектот „Европска недела на спортот“ ја реализира со намера да ја потикне повозрасната популација да биде поактивна и да се стекне со спортски навики.
 

Споделете:

Scroll to Top