Утре, вторник, 21.10.2014, со почеток во 10 часот, ќе биде означен почетокот на шаховската лига меѓу месните заедници кои гравитираат на територијата на општината Кисела Вода. Според организаторот, одделението за спорт при општината, екипите на месните заедници ќе бидат составени од пензионери кои живеат во истата месна заедница.
Интересно е дека ќе се игра по ,,бергеров систем“ (секој со секого) со плеј оф завршница на најдобрите четири екипи. Во есенската полуетапа ќе се играат 7 натпреварувачки денови, а предвидено е во еден натпреварувачки ден да се одиграат по две кола. Утрешните натпревари ќе започнат во 10 часот, а ќе се одиграат во големата општинска сала. Главен судија на шаховската лига на општина Кисела Вода ќе биде Фиде мајсторот Љубиша Андоновски додека кординатор на проектот е мајсторскиот кандидат Бранко Пауновски. На првенството учество че земат 12 месни заедници со по 6 членови на екипите. Со своја екипа ќе настапи и општината Кисела Вода. Главен покровител на проектот е градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ.