Денеска заврши турнирот во кошарка, што е дел од спортската програма на општина Кисела Вода по повод патрониот празник ,,Ѓурѓовден“.
Победници на кошаркарскиот турнир се кошаркарите на ОУ ,,Рајко Жинзифов“. Избраниците на тренерите Горан Андреевски и Јовица Ефтовски во финалето ги совладаа врсниците од ОУ,,Круме Кепески“ со резултат 37:19.
Предходно, во борбата за третото место во драчевското дерби екипата на ОУ ,,Св Климент Охридски“ со резултат 26:19 славеше над ОУ ,,Кузман Шапкарев“.
Пехарите и дипломите на најуспешните им ги додели претседателот на Сојузот за училишен спорт на Град Скопје Панче Јакимовски. Инаку, утре на програмата е ракометното финале во женска конкуренција меѓу основните училишта ,,Круме Кепески“ и ,,Кузман Шапкарев. Натпреварот се игра со почеток во 12 часот во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“.