Search
Close this search box.

По неколку децении започна целосната реконструкција на ул. “Славка Динкова” во Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денес присуствуваа на почетните активности за целосна реконструкција на улицата “Славка Динкова” во населбата Драчево.

 

Реализацијата на овој проектот опфаќа претставува уште една потврда за добрата соработка меѓу општина Кисела Вода и Градот Скопје, која ќе донесе бенефит на 30 000 граѓани од Драчево и околните населени места. Градежните активности ќе опфатат изведба на атмосферска канализација и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите во должина од околу еден километар. Покрај ова, ќе бидат поставени и бетонски столбови со лед штедливи светилки.

-По три децении отпочнува реконструкција на улицата “Славка Динкова”, а се решава и деценискиот проблем на граѓаните кои гравититраат тука на овој потег, а тоа е проблемот со атмосферска канализација. Следи целосна реконструкција со атмосферска канализација на овој потег во должина од 1175 метри, каде на барање на граѓаните и во заштита на нивниот интерес, но и затоа што сметаме дека ова е една од главните делници која заслужува да биде реконструирана, пристапивме кон тоа да направиме еден проект со кој годинава ќе го решиме проблемот со кој тие се соочуваат веќе триесет години. Она што сакам да го потенцирам е дека за оваа улица се издвоени средства од нешто над 34 милиони денари, со што, со електронската аукција е постигната заштеда за Градот Скопје и за граѓаните од 32 проценти, односно нешто над 16 милиони денари-изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-Ова е една од клучните артерии во населбата Драчево, улица која повеќе од 30 години не беше ставена на дневен ред од ниту ниедна власт, а камо ли да беше преземен некаков чекор за да се реализира нејзина реконструкција. Благодарение на Градот Скопје, на градоначалничката Арсовска, на Советот на Град Скопје, за што сакам да изразам благодарност од име на жителите на општина Кисела Вода. После повеќе од 30 години, конечно доаѓаме до фаза која опфаќа целосна реконструкција на оваа главна сообраќајна артерија во населбата Драчево, која освен реконструкцијата на улицата, опфаќа и изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на тротоарите и промена на сијалиците со штедливи лед светилки, што значително и нам ќе ни помогне, како општина, во однос на сметките во ова време на енергетска криза во државата и во светот.

Дополнително, ние како локална самоуправа, како што најавив во раната пролет, имаме градежна експанзија. Изминатиов период, ние самите реконструиравме над 15 улици во Драчево, а во периодот што следи, завршуваме и со реконструкција на повеќе улици во Пинтија, дел со асфалт, а дел со павер елементи. Со такво темпо продолжуваме до крајот на градежната сезона, оваа есен.

Благодарение на Градот Скопје, на советничката група во Градот, на Советот на Општина Кисела Вода, ние за нецела година решивме инфраструктурни проблеми на територија на општина Кисела Вода, колку што не се решени вкупно 30 години наназад. Со решавањето на оваа главна артерија уште еднаш се потврдува сериозната поддршка која ја добиваме од Градот Скопје и од градоначалничката Данела Арсовска, која се надевам ќе продолжи и во периодот што следи за да се надокнади она што со години беше изоставено, односно Кисела Вода веќе да не биде на маргините на градот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top