Со два фудбалски трилери, заврши плеј-офот во училишната лига , а со тоа заврши и годинешната училишна спортска сезона во колективните спортови, чиј покровител е градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.
Полните трибини, громогласното навивање за своите екипи, ги импресионираа актерите на теренот да прикажат добра игра и врвни фудбалски потези. Вредната работа во спортот, секогаш дава добри резултати. Таква е успешната приказна со фудбалската екипа на ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“. Во текот на сезоната импресионираа со добрата тимска организација и од вкупно 9 натпревари успеаа да победат во 8.
Во финалето на плеј-офот во мал фудбал, избраниците на тренерот Ѓорѓи Мандевски ја совладаа екипата на ОУ,,Кузман Шапкарев“ со 4:3, дури по изведувањето на пеналите. Во регуларниот дел средбата заврши без голови 0:0.
Во натпреварот за бронзениот медал славеше ОУ ,,Круме Кепески“. Избраниците на тренерот Игор Зафировски со 3:2, во пресврт завршница ги победија своите врсници од ОУ ,,Рајко Жинзифов“. За играч на сезоната беше прогласен фудбалерот на ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“ Христијан Димов.
Конечни резултати:
Полуфинале: ОУ Р. Жинзифов – ОУ К.Шапкарев 0:2 (0:1), ОУ.К.Кепески – ОУ К.Ј.Питу 7:8 пен. 1:1 (1:0).
Финале: ОУ К.Ј.Питу – ОУ К.Шапкарев 4:3 пен. 0:0,
Натпревар за трето место: ОУ.К.Кепески – ОУ Р. Жинзифов 3:2 ( 1:0).
Конечна табела:
1. ОУ К.Ј.Питу
2. ОУ К.Шапкарев
3. ОУ.К.Кепески
4. ОУ Р. Жинзифов
5. ОУ Н.Г.Дуња
6. ОУ Св.К.Охридски
7. П.Зографски
8. К.Пејчиновиќ