Општина Кисела Вода известува дека подрачното одделение на Управата за водење на матични книги при Министерството за правда, која досега функционираше во Домот на култура во Драчево, е префрлено во општина Кисела Вода.
Лицата кои имаат потреба услугите на Управата како што се пријавување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак, лицата кои се од подрачјето на населба Драчево и околните села, а имаат потреба од упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени, пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени, истите услуги може да ги добијат во Барака 4 во општина Кисела Вода.
Работното време е од 09 до 14 часот.