Search
Close this search box.

Покана до медиуми

На 5 и 6 Мај, по повод патрониот празник на општина Кисела Вода, ќе биде организирана свеченост во чии рамки се опфатени повеќе активности.

На 5ти, со почеток во 10 часот, пред МЗ Драчево, ќе се одржи атлетска трка на учениците од основните училишта на територија на општината, додека на 6ти Мај е предвидено цветно дефиле на дечињата од градинките и основците, кое ќе започне во 11 часот и ќе продолжи со приредба во паркот Шопен во 12 часот. Во попладневните часови, со почеток во 18 часот, ќе се одржи концерт на Културно Уметничките Друштва од општина Кисела Вода. 

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Споделете:

Scroll to Top