Search
Close this search box.

Првачињата од општина Кисела Вода примени во Детската организација

660 првачиња од општина Кисела Вода денес свечено беа примени во Детската организација.

На манифестацијата која е во рамките на Детската недела, присуствуваа ученици, наставници и родители, кои со своето присуство го збогатија самиот настан.

Учениците на повеќе пригодни начини се претставија пред присутните со литературно читање, хорски и танцови изведби, презентација на детските права и должности, творење на дадена тема посветено на детето, а се одржа и дискусија на тема „Детето во Светот и кај нас“.

Првата седмица на месец октомври е седмица посветена токму на дечињата од целиот свет. Тоа е недела, која почнува со Светскиот ден на детето и  која не обврзува да го свртиме целото свое внимание кон децата.

 

 

Споделете:

Scroll to Top