Search
Close this search box.

Претседателот Трајче Донев ја одржа втората седница на Комитетот на советите при ЗЕЛС

Денес се одржа втората работна средба на претседатели на Совети на Општините во скопскиот регион кои членуваат во Комитетот на Совети при ЗЕЛС. Согласно најавите на претседателот на комитетот на совети при ЗЕЛС и актуелен претседател на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, средбата се реализираше во општина Карпош, а планирано е да бидат опфатени и сите други општини од скопскиот регион и од другите градови низ државата.

На денешната седница, членовите на Комитетот разговараа за исходот од состаноците кои ги одржале со претставници на советите од општините од соодветниот регион кој што го претставуваат, за нивно информирање дека телото е веќе формирано и може да започне со активности.

Уште еднаш беше разгледан Деловникот за работа кој останува да ја има истата содржина, бидејќи за истиот членовите немаа забелешки, освен во делот на потребата од назначување на секретар на Комитетот, од причина што техничка и стручна подршка на ова тело дава стручната служба на ЗЕЛС. За следната седница членовите се договорија да назначат втор потпретседател.

На оваа седница беше отворено и прашањето за вклучување на советниците во управувачките тела на ЗЕЛС: Генреално собрание, Управен одбор и Надзорен одбор и за оваа можност си дадоа време до 27 мај 2015, со правна подршка од стручната служба на ЗЕЛС да изготват иницијатива до Генералното Собрание на ЗЕЛС за измена на Статутот на ЗЕЛС.

Исто, членовите во меѓувреме ќе организараат редовни состаноци со претставници на советите на општините од регионот од каде што доаѓаат, и се договорија до 27 мај до ЗЕЛС да достават предлог активности кои ЗЕЛС ќе ги срочи во Програма за работа.

Споделете:

Scroll to Top