Search
Close this search box.

Привремен сообраќаен режим на бул. „Борис Трајковски“

Од утре започнува  санација на индустрискиот колосек на патниот премин Цементарница, на булеварот  ”Борис Трајковски”.

Поради тоа, десната сообраќајна лента од булеварот “Борис Трајковски” во правец од Драчево кон Скопје, во делот кај преминот преку пругата кај Цементарница, ќе биде затворена за сообраќај, во времетраење од 09 до 20 април.

Се  апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Споделете:

Scroll to Top