Search
Close this search box.

Проверете си го стажот утре во паркот Шопен

Општина Кисела Вода ги известува сите заинтересирани граѓани дека утре, четврток, со почеток во 11 часот, во паркот Шопен, во близина на општината, ќе можат да дојдат и на лице место да го проверат својот стаж на осигурување, платите и другите податоци, како и да добијат одговори на други прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување. Вработените од Министерството за труд и социјална политика, од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување, како институции кои во соработка со општина Кисела Вода го реализираат овој настан, ќе бидат достапни за наведените услуги, се до 14 часот. Се што граѓаните треба да понесат со себе е лична карта.

 

Во случај на лоши временски услови, настанот ќе се одржи во општина Кисела Вода, во Барака 4.

Споделете:

Scroll to Top