Search
Close this search box.

Продолжено работното време за поднесување барања за легализација во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека, заради истекот на продолжениот рок за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти, во вторник и среда, на 29 и 30 март, барањата ќе ги прима до 20 часот, додека во четврток, на 31 март, до 24 часот. Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.

Согласно законските измени, за новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.

Споделете:

Scroll to Top