Во духот на взаемната соработка Општина Кисела Вода со Општинската организација на Црвен Крст на Општина Кисела Вода го реализира проектот ,,Топлотен бран – Заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период”.
Проектот се реализира со кофинансирање на Општина Кисела Вода од Програмата за 2019 година на Секторот за месна самоуправа и О.О.Црвен крст на Кисела Вода.
Во активностите ќе биде опфатено патролирање на специјално возило на Црвен Крст, со медицински тим, и волонтери на Црвениот крст кои ќе делат вода на најфрекфентните места во Кисела Вода и медицинска интервенција и транспорт на лица на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови.