Search
Close this search box.

Ракометарите на „Јуниор Кисела Вода“ си обезбедија место во прволигашкиот плеј-оф, вчера го победија „Астраион“ од Струмица

Вчера на последниот ракометен натпревар за оваа година, на прволигашкото дерби на домашен терен во преполната спортска сала „Архиепископ Доситеј“ екипата на „Јуниор Кисела Вода“ го победи „Астраион“ од Струмица, со резултат 23:17.

Со оваа победа клубот од Кисела Вода кој во текот на целиот натпревар постојано беше во предност си обезбеди место во плеј-оф рундата за напролет, се пласираше меѓу најдобрите осум тимови од првата машка лига.

Заслужни за победата се: Богдановски, Блажевски, Затараковски, Биковски 2, Гичев 1, Крстевски 7, Чапов, Јаховиќ 1, Постолов 5, Трајковски, Тодоров, Атанасовски, Ников 7 и Трајчевски.

Правдата на теренот ја делеа судиите Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат беше Цане Куртовиќ од Скопје.

Фотографии: 24rakomet.mk

Споделете:

Scroll to Top