Search
Close this search box.

Распоред на поаѓање на автобусите за Денот на дрвото

Општина Кисела Вода да ги информира жителите на овој дел од градот дека за претстојната акција „Ден на дрвото есен 2014“, која годинава се одвива под мотото „Стоп за катастрофите”е организиран бесплатен превоз до населеното место Миладиновци, каде ќе се одвива централниот настан.

 

Имено, во среда, од пред салата Расадник, автобусите ќе тргнат во 9 часот и во 11 часот.

Во 9 часот и во 11 часот, ќе има автобуси и во Драчево, кај Паркот на бранителите, спроти поштата.

За сите ученици во основните и средните училишта, поаѓањето е закажано во 9 часот и 30 минути, пред секое од училиштата.

Утрешниот ден, 3-ти декември, среда, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Споделете:

Scroll to Top