Search
Close this search box.

Реконструирани повеќе улици во Припор, Црниче и Пржино

Градежните активности за обнова на патната инфраструктура во општина Кисела Вода се во полн ек. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес информираше за реконструкција на повеќе улици во Припор, Црниче и Пржино и дека ветувањето дадено во неговата предизборна програма дека до крајот на мандатот во општината нема да има неасфалтирана улица, е цел која ќе биде остварена и порано од ветениот рок.

– Реконструирани повеќе улици во Припор, Црниче и Пржино! Она што со моето доаѓање на градоначалничката функција го ветив пред мојот народ, а тоа е дека до крајот на мандатот нема да има неасфалтирани улици во Кисела Вода, се остварува според утврдениот план. Се работи за реконструкција на улици од 14.000m2 површина, кои со децении биле заборавени од минатите локални власти.

Реконструкцијата на целата патна инфраструктура во Кисела Вода беше голем предизвик.

И еве сме денес, на половина од мојот мандат каде со гордост можам да кажам дека направивме повеќе од предвиденото, си поставивме цел и докажавме дека со многу труд, посветеност и желба за работа се стигнува до целта.

А целта е населбите во општината да бидат модерни и да ги нудат сите потребни услови за живеење. Продолжуваме понатаму, напред со поддршката на мојот народ и со посилна мотивација за да напраиме уште сериозни промени. Кисела Вода заслужува-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Споделете:

Scroll to Top