Search
Close this search box.

С О О П Ш Т Е Н И Е – По повод денешниот протест пред Центарот за зависници и третман од дроги Кисела Вода – Скопје

Граѓаните кои живеат во непосредна близина на центарот за зависници во Кисела Вода, утринава уште еднаш ја пратија пораката до јавноста, дека им треба разбирање и поддршка за побрзо решавање на нивниот проблем, кој веќе три децении, им го нарушува квалитетот на нивното секојдневно живеење.

 На средбата присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кисела вода Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, членовите на Советот и невладините организации Хобс, Доверба и Шприц патрола, а сите заедно испратија порака дека и жителите и корисниците на овој центар заслужуваат достојно внимание за решавање на ова долго време отворено прашање и превземање на радикални чекори во интерес на постигнување трајно решение.

Јас како претставник на Општината сум инволвиран и ангажиран за решавање на проблемот со болницата за зависности уште од самиот почеток на мојот мандат, изјави за медиумите Градоначалникот Темелковски. Иако ние го немавме ветено во програмата, сметавме дека е несоодветно место за болницата да биде таму. Став како Општина, а и мој, како градоначалник е дека ова не е само проблем на граѓаните, туку и дека болницата е не соодветна и за самите пациенти.

Сметам дека сите инволвирани страни, имаат одговорност пред своите сограѓани и затоа треба да се најде заедничко решение. Не би сакал, а се случува, да се прават протести по другите скопски општини, а сепак треба да се знае дека ние како Општина Кисела Вода ги примаме пациентите од сите општини за што не сме должни. Нашиот став и мојатата поддршка бидејќи пред се, јас сум дојден тука како граѓанин кој живее во непосредна близина, е што побрзо да се најде решениe, истакна Градоначaлникот Темелковски.

Во Скопје постојат многу објекти каде може да се нарави  дислокација на центарот, од која причина не се случува тоа, не знам, вели Васија Блажевска, жител на улицата Марко Орешковиќ. Ние многу пати реагиравме, но за жал, кога министерот одбра објект во општина Гази баба, со еден протест од тамошното население, решението пропадна. Таа исто така истакна дека како месно население имаат постојана поддршка од Општината и од Градоначалникот и дека во секое време е тука за нив со своите претставници, но дека сепак, надлежните за овој проблем треба да го кажат своето.

Оваа граѓанска иницијатива треба да ја слушнат сите кои се надлежни. Ова треба да се реши еднаш заекогаш, бидејки поминаа 9 месеци од последното ветување, а ние немаме ништо – изјави Тони Саздовски, кој живее во непосредна близина на центарот.

Градоначалникот Темелковски е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот и е подготвен да даде максимално учество за конечно изнаоѓање на трајно решение кое и на самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитетен прием и потребна нега.

Споделете:

Scroll to Top