Акција за косење и расчистување на тревните површини отпочна денес низ Општина Кисела Вода.
Преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, ангажирани се сезонски работници кои и рачно и со тримери денес работат на просторот покрај трим патеката и во други делови на населбата 11 Октомври, како и во Бирарија, Црниче, Пржино и Драчево.
Акцијата за косење на нараснатата тревна вегетација интензивно ќе продолжи и во наредниот период. Ќе се изведува низ сите останати урбани и месни заедници ширум општината, секаде каде што ќе има потреба, а Општина Кисела Вода има ингеренции да интервенира.
Со оглед на најавените високи температури кои се типични за овој период од годината, а во насока на отстранување на опасноста од пожари, Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители, сопственици на дворови, ниви и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост, истите да ги уредат, т.е. да ги искосат нараснатите тревни површини, израснатите грмушкасти растенија, како превенција од можни пожари кои се опасност и за нив, но и за целата околина.