Продолжуваат континуираните заложби на општина Кисела Вода за подобрување на условите за живеење на жителите на оваа територија. Акцијата за реконструкција на тротоарите по сервисните улици е во полн ек.
Екипите на фирмата „Пелагонија А.Д. Гостивар“, која го доби тендерот за изградба и реконструкција на патеки, тротоари, скверови, паркинзи и улици со павер-елементи, се на терен и во моментов активно работат на обнова на тротоарите на улицата “Франк Харкорт Манинг” во населбата Кисела Вода.
Се работи за фреквентна улица која се протега на потегот помеѓу улиците “Христо Татарчев” и “Ѓорѓи Димитров”, која секојднeвно ја користат огромен број на жители на населбата и општината Кисела Вода. Проектот е вреден околу 1 900 000 денари и доколку временските услови дозволат, се очекува да биде завршен до крајот на месецов.
Градежните работи за санација и реконструкција на оштетените тротоари во општината ќе продолжат и во следниот период и на други клучни локации.