Search
Close this search box.

Синоќа одличен концерт на Танески на “Три круши “, вечерва-кино на отворено

Прекрасен концерт кој започна со “Никогаш доста”, одржа синоќа Ѓоко Таневски во рамки на културното лето “Три круши”. Пред публиката, Танески заедно со својот бенд ги отпеа своите најпопуларни песни, меѓу кои и “Јас ја имам силата”, со која не’ претставуваше на Изборот за песна на Евровизија во 2010-тата.

 

 

 

На репертоарот му се најдоа и повеќе популарни светски хитови и македонски евергрини, кои очигледно и се допаднаа на публиката, па пееше заедно со него.

 По целовечерниот концерт на Ѓоко Танески, културните случувања на “Три круши” продолжуваат. Вечерва, со почеток во 20 часот и 30 минути, ќе има кино проекција на фимот “Трето полувреме”, во режија на Дарко Митревски во кој главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски , Мето Јовановски, Тони Михајловски и други.

Споделете:

Scroll to Top