Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и третата пленарна седница на 29.05.2023 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 21-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 22-та пленарна седница
1.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Шапкарев“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
2.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
3.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Рајко Жинзифов“, Симбол на пријателството на Кина и Северна Македонија – Општина Кисела Вода, Скопје;
4.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ЈДГ„ Весели Цветови“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
5.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;
6.Предлог – Одлука за именување на членови во управен одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
7.Предлог – Одлука за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финанисико работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
8.Предлог – Одлука за одобрување на Програма за изградба на градби за спорт и рекреација-Д3-затворено спортско игралиште на КП 6483 КО Кисела Вода 2, ДУП: Населба Пинтија, Г.П. 4.1 Основно училиште Рајко Жинзифов, Општина Кисела Вода-Скопје;
9.Предлог – Одлука за прифаќање на донација – реконструкција на дел од ул.Евтим Спространов бр.30, бр.32 и бр.34 и паркинг простор помеѓу ул.Трајко Иванов и ул.Лав Толстој, Општина Кисела Вода;
10.Предлог – Одлука за прифаќање на донација – зимзелени и листопадни дрва за Општина Кисела Вода;
11.Предлог – Правилник за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови на подрачјето на Општина Кисела Вода;
12.Предлог – Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање на пелети за домаќинствата на територија на Општина Кисела Вода;
13.Предлог – Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективното домување на територија на Општина Кисела Вода;
14.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за првиот квартал од 2023 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините
15.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.