Search
Close this search box.

Театарската претстава “Чолак” ја одушеви публиката во Кисела Вода

Синоќа, во новоотворениот Дом на културата “Кисела Вода Кино” се одигра театарската претстава “Чолак”. Истата е во продукција на Драмскиот театар и се изведе во рамките на програмата на овогодинешното културно лето “Три круши”.

Одличниот актерски тим околу 90 минути ја забавуваше публиката која ни поројниот дожд не ја спречи да дојде и да ужива во претставата. Со громогласна смеа и аплаузи беше поздравена одличната изведба на Рубенс Муратовски, Сашо Тасевски, Филип Трајковиќ и Дритон Вејсели. Инаку, претставата е во режија на Синиша Ефтимов, а е работена според текстот на Мартин Мекдонах “Приказна за човекот без рака”.

Програмата на “Три круши 2016” продолжува и понатаму, се до крајот на месец јули. Во организација на општина Кисела Вода веќе во петок, со почеток во 20:30 часот е закажан концертот на Александар Тарабунов кој, доколку дозволат временските услови, ќе се одржи на верско-рекреативниот комплекс Три круши, а саботата е резервирана за концертот на Кате и “Нели ти реков”.

Споделете:

Scroll to Top