Search
Close this search box.

Теквондо клубот “Корио” доби благодарници од градоначалникот Филип Темелковски

Благодарници од Општина Кисела Вода од градоначалникот Темелковски за афирмирање и унапредување на спортот во овој дел од градот добија денес членовите на теквондо клубот “Корио”.

 

Тие на неодамнешниот државен турнир “Кобра чемпионшип”, на кој учествуваа преку 250 натпреварувачи, освоија 9 златни и 2 сребрени медали. Практично, сите учесници од овој клуб од Кисела Вода кој функционира веќе 5 години, од натпреварот се вратија со награда.

Тренерот на теквондо клубот “Корио”, Јане Стојчевски го информираше градоначалникот околу функционирањето на клубот, тренажниот процес, како и за нивните понатамошни планови во поглед на учествата на други државни и меѓународни теквондо натпревари.

 

 

Градоначалникот Темелковски им посака успех и им даде ветување дека Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите заложби за развивање и унапредување на спортот.

 

Споделете:

Scroll to Top