Search
Close this search box.

Ул. “Румена Хаџипанзова” добива канализација

Течат градежните активности за изградба на примарна фекална канализација на ул. “Румена Хаџипанзова” во населбата Драчево.

 

 Според изработената проектна документација  на  “Колос  Инженеринг”, полиетиленските цевки Ф315  се поставуваат во должина од околу 450м долж улицата “Румена Хаџипанзова” и од едната страна ќе се надоврзат на улицата “Малешевска”, а од другата на постоечкиот колектор Ф 500 во близина на пругата што води кон Велес.

 

 

 За изградба на оваа фекална мрежа, општина Кисела Вода обезбеди 2,4 милиони денари.  Согласно договорот,  екипите на фирмата изведувач “Енергомонт” треба да  ги завршат градежните активности за  околу 2 месеца.

Во овој дел од општина Кисела Вода живеат 80тина домаќинства кои години наназад имаат големи проблеми поради непостоење на фекална канализација и користење на септички јами.

 

Споделете:

Scroll to Top