Search
Close this search box.

Утре неколку улици во Кисела Вода без струја

По добиено известување од Републичкиот Центар за управување со кризи, општина Кисела Вода информира дека утре без напојување со електрична енергија во период од 08.30 до 15.00 часот, ќе останат дел од жителите од бул. Борис Трајковски лоцирани на почетокот на рампа, реонот кај поранешната фабрика Цветан Димов кон рампа, како и дел од корисниците од ул. Иван Козаров кон Тутунски Комбинат.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top