Search
Close this search box.

Ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Драчево се информираа како се прави технички преглед на возила

Во рамки на проектот на Општина Кисела Вода кој има за цел на полуматурантите од општинските основни училишта да им помогне при изборот на идната професија денес ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“, од населба Драчево во Сојузот на здружение на возачи на Македонија се информираа за се што е потребно за технички преглед на возила.

Дел од вработените на полуматурантите им ги претставија нивните работни задачи.

Покрај ова, тие на учениците им ги објаснија процедурите за регистрирање на возилата и законските обврски кои ги имаат учесниците во сообраќајот. На крајот деветоодделенците видоа како се прави технички преглед на автомобил. Проектот на локалната самоуправа ќе продолжи да се одвива во фирми кои опстојуваат на нејзината територија.

Споделете:

Scroll to Top