Search
Close this search box.

Училиштата од општина Кисела Вода го одбележаа месецот на книгата

Со посета на градската библиотека “Браќа Миладиновци” од страна на учениците од основните училишта на оваа територија, општина Кисела Вода го одбележа месецот на книгата.

 Во организација на Одделението за образование при општината, младите вљубеници во убавиот пишан збор, заедно со своите наставници по македонски јазик, кои се одговорни за водењето на литературните и библиотекарските секции, имаа можност подетално да се запознаат со животот и делото на браќата Миладиновци.

Ја посетија нивната спомен соба, а преку разговорот со раководителот на библиотеката се информираа и за програмските актвности на институцијата, можноста за станување член на библиотеката и 24-часовната достапност на читалната за членовите.

Ги посетија и одделите за литература за деца, за англиска литература и периодика, а посетата ја заокружија со заеднички договор за организирање на средба со писатели во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, која ќе се одржи на крајот до месец ноември.

Споделете:

Scroll to Top