Search
Close this search box.

Четвртоодделенците од ОУ “Круме Кепески” на посета во општина Кисела Вода

Ученици од четврто одделение од  ОУ  “Круме Кепески” од населба Кисела Вода, во придружба на своите наставнички, беа во посета на општина Кисела Вода, како дел од програмата за запознавање на органите на оштината, од наставниот предмет Општество.

 

Во непосредна комуникација со градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, децата се информираа за поставеноста на секторите во општината и начинот на функционирање на општинската администрација, чија работа, преку оваа посета, имаа можност да ја видат одблизу. Одговарајќи на нивните прашања, градоначалникот им раскажа како се носат одлуките во општината и какви се предизвиците со кои  се соочува со цел да им се излезе во пресрет на што поголем број граѓани.

 

Задоволни што преку оваа средба  можат практично да го искусат она што го учат на часовите, учениците дискутираа и се информираа и за другите можности за спроведување на практична настава надвор од училниците и унапредување на наставата. Градоначалникот Беличанец-Алексиќ им посака понатамошен успех во учењето и им кажа дека нивните добри резултати  претставуваат и aфирмација и растеж на општината.

 

Споделете:

Scroll to Top