Search
Close this search box.

​Ѓорѓиевски: Финализираме со проектот за реконструкција на сите улици во Усје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети Усје.

Во ова населено место, целиот изминат период интензивно се работи на обнова на патната инфраструктура. Улицата “5” е целосно реконструирана. Во моментот нов асфалт добиваат улиците “22” и краците на улицата ‘1”.

Сите тие се стари по повеќе од 30 години и откако се направени, на нив не е извршена никаква реконструктивна активност и покрај тоа што беа во катастрофална состојба. Со завршувањето на овие сообраќајници, се финализира проектот за реконструкција на сите улици во Усје. Претходно, пред две години, на почетокот од својот мандат, градоначалникот Ѓорѓиевски ја заврши секундарната фекална канализациона мрежа, со што семејствата од Усје, добиваат современи и удобни услови за живот, кои се нужни во 21 век.-Се наоѓаме во населеното место Усје, каде работиме на последните 5000 квадратни метри од големиот проект за реконструкција на сите улици. 600 семејства кои живеат тука, три децении се соочувале со немање слух од сите мои претходници кои дозволиле улиците да стигнат до катастрофална состојба. Како што им ветив, извршивме големи реконструктивни зафати со кои ја опфативме целата патна мрежа во Усје и  ќе финализираме за најмногу две седмици. На ова сакам да додадам дека претходно ја завршивме и фекалната канализација, што значи интервениравме и подземно и надземно, се со цел, нашите жители да имаат достоинствени услови за живот, а истото следува и во сите преостанати населби и населени места-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top