Согласно Програмата за измена и дополнување на Програмата за месна самоуправа (капитални расходи) – ДА0 (тековно оперативни расходи) – Д10 на Општина Кисела Вода за 2022 година бр.09-8058/11 (Службен гласник на Општина Кисела Вода бр.12 од 28 Септември 2022 година), Општина Кисела Вода објавува
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗА КУПУВАЊЕ НА ДРВА ЗА ОГРЕВ
I. Општи информации
1. Краток опис на програмата на Јавниот повик:
Предмет на овој Јавен повик е субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев (сите што купиле дрва за огрев од 01.Април 2022 година и се до објавувањето на Јавниот повик), што е предвидено во Програмата за измена и дополнување на Програмата за Месна самоуправа и социјална заштита (Капитални расходи) – ДАО (тековно оперативни расходи) – Д10 на општина Кисела Вода за 2022 година, под бр.09-8058/11 од 07.09.2022 година.
Општина Кисела Вода ќе субвенционира по 500 денари за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва за огрев за жителите на општина Кисела Вода.
2.Право на учество на Јавниот повик имаат:
Право на учество за користење на субвенции на дел од трошоците за купување на дрва за огрев имаат полнолетни граѓани-жители на општина Кисела Вода, кои аплацираат врз основа на Јавниот повик и ги исполнуваат критериумите и ја доставиле потребната документација.
3.Критериуми и услови за учество:
Барањaта за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев и доказот кој ќе биде доставен во форма на потврда,испратница или останат документ (фотокопија) кој го потврдува купувањето на дрвата за огрев за веродостоен ќе биде со датум од 01.Април 2022 година и ќе се поднесуваат заедно со потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката.
Од секоја адреса на територија на општина Кисела Вода ќе биде прифатено само по едно барање (доколку стигнат повеќе барања од иста адреса, освен едно што ќе биде прифатено останатите нема да бидат земени во предвид), значи само по еден член од семејство.
Архивата на општина Кисела Вода примените барања ќе ги евидентира со точно време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата на база прв дојден – прв услужен и се до исполнувањето на предвидените финансиски средства од 1.200 000, 00 денари со вклучен персонален данок.
4.Временска рамка и користење на средствата:
Јавниот повик ќе трае вкупно 15 работни дена сметано со денот на објавувањето во два печатени медиуми на територијата на РС Македонија, а средствата кои се предвидени со Програмата за измена и дополнување на Програмата за Месна самоуправа и социјална заштита (Капитални расходи) – ДАО (тековно оперативни расходи) – Д10 на општина Кисела Вода за 2022 година за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на барателите кои конкурирале и ги исполниле условите предвидени во овој Јавен повик.
5.Потребна документација:
-доказ за купени дрва за огрев од 01.Април 2022 година во форма на испратница, потврда или официјален документ кој го потврдува купувањето на дрва за огрев,
-копија од лична карта (од двете страни),
-копија од трансакциска сметка
6.Комисија:
-За утврдување на исполнетоста на условите за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев, Градоначалникот на општина Кисела Вода донесе Решение за формирање на Комисија од 5 члена со арх.бр. 08-9550/1 од 13.10.2022 година,
-Комисијата е составена од Претседател и 4 члена,
-Комисијата е задолжена да ја спроведе целата постапка за реализација на
проектот субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев и истата е
должна да достави Предлог за доделување на предвидените финансиски средства до Градоначалникот,
-Врз основа на доставената документација и спроведената постапка, Комисијата ја утврдува исполнетоста на предвидените критериуми и потребната документација и доставува предлог до Градоначалникот на општина Кисела Вода за усвојување или неусвојување на барањето за добивање на предвидените финансиски субвенции.
Подносителите ќе бидат известени во рок од 15 работни дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на финансиските субвенции за купување на дрва.
Напомена: Барањата без комплетна приложена документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози нема да се враќаат.
Повикот е во важност од 15 работни дена сметано со денот на објавувањето!
За доплнителни информации:
Контакт телефон: 02 2785-427
Комисија за спроведување и реализација за
субвенционирање на дел од трошоците на
граѓаните на територија на општина Кисела Вода
за купување на дрва за огрев