Search
Close this search box.

​Во Кисела Вода започнува имплементација на проектот „КЛИМАС“, поддржан од програмата HORIZON

Од денес, Кисела Вода е првата и единствена општина во Македонија каде што се спроведува проектот „КЛИМАС“, поддржан од програмата HORIZON, преку партнерството на Дигитал Виздом – Скопје и Институтот за Екологија од Словенија. Во Домот на културата “Билјана Беличанец”, денес се одржа првата од трите предвидени работилници чија цел е поттикнување на системски промениво во насока на намалување на загадувањето и постигнувањето климатска неутралност. Проектот поттикнува соработка меѓу повеќе засегнати страни, применувајќи решенија засилени со вештачка интелигенција и добри практики од успешни градови како Љубљана за да постигне одржлива урбана трансформација. Настанот го отвори заменик градоначалникот на Општина Кисела Вода Иван Митровски, по што говореа д-р Сашо Јосимовски – Професор на Економски факултет – Скопје при Универзитетот ”Св. Кирил и Методиj„ и EU R&D Expert и проф. д-р Барбара Бежнец – Член на Словенска Академија на Науките и Уметностите и на Институт за Екологија – Словенија.

– Кисела Вода е лидер во бројни иницијативи: прва општина членка на OGP, со веќе објавен акциски план; поставени пречистувачи во училишта и паркови; фотоволтаици во сите училишта; мерни станици за квалитет на воздухот; работиме на поддршка за одржливи локални стартапи и иновативни образовни програми; отворање на податоци за истражувачка и граѓанска употреба; поврзување на универзитетите со општествените предизвици – од урбано планирање, до енергетска ефикасност и здравје, спроведуваме бројни акции за пошумување, она што е најново, промовиравме и зелена апликација „City and Me“ која ги поттикнува граѓаните поеколошки да живеат, но и бројни други проекти.Нашата цел е јасна – постигнување на климатска неутралност. За тоа работиме заедно со граѓаните, со фокус на одржлив развој, иновации и транспарентност.

Денес започнуваме еден важен проект кој има за цел да придонесе кон позелена иднина за сите нас. Нашата општина досега направи сериозни чекори на полето на екологијата и одржливиот развој, но знаеме дека процесот е континуиран и бара постојана посветеност. Токму затоа, посебна чест ми е што денес со нас е и претставничка од Љубљана – град кој има бројни достигнувања на ова поле и кој за многумина претставува вистински пример како се гради климатски неутрална заедница. Веруваме дека преку оваа соработка со нашите партнери, ќе создадеме позитивни практики и решенија кои нема да останат само во Кисела Вода. Нашата амбиција е резултатите и искуствата од овој проект да послужат како модел и да се применат и во другите општини ширум Македонија. Со тоа, Кисела Вода уште еднаш ќе биде движечка сила и пример за тоа како локалните заедници можат да ја започнат промената кон зелена, одржлива и климатски отпорна иднина-истакна заменик градоначалникот на Општина Кисела Вода Иван Митровски.

Професор на Економски факултет – Скопје при Универзитетот ”Св. Кирил и Методиj, д-р Сашо Јосимовски подетално говореше за проектот CLIMAS кој треба да ќе поттикне системски промени преку заедничко климатско делување, примена на иновативни решенија и активно вклучување на граѓаните во креирање стратегии за намалување на емисиите. Целта е да се зајакне вклученост на јавноста, да се намали загадувањето и да се постават градовите како лидери во постигнувањето климатска неутралност. Токму затоа, тој истакна дека Кисела Вода, како првоизбрана општина која веќе има изградено солидна плаформа во овие области е вистинскиот избор од каде овој проект треба да започне со имплементација. 

За позитивните практики што ги има постигнато Љубљана, како еден од лидерите во имплементацијата на проектот CLIMAS, говореше проф. д-р Барбара Бежнец – Член на Словенска Академија на Науките и Уметностите и на Институт за Екологија – Словенија, која ја истакна подготвеноста да ги сподели добрите искуства.На настанот на кој со активна дебата зедоа учество и бројни студенти, претставници од бизнис и од граѓанскиот сектор, говореа и м-р Султана Јовановска – докторант на Универзитетот во Љубљана и член на Институт за Екологија – Словенија, Grantee of the HORIZON Project REINFORCING, д-р Мартин Киселички  и м-р Теа Јосимовска, како проектниот координатор м-р Данијела Петрушева

Споделете:

Scroll to Top