Во новата учебна година OОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала

Во основното училиште „Кузман Јосифовски -Питу“ во општина Кисела Вода се гради нова училишна спортска сала, која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

– Изградбата на новата спортска сала во ООУ “Кузман Јосифовски -Питу”е во напредна фаза и со веќе реализирани 60% од предвидените работи. Нашиот главен приоритет е учениците да добијат современ простор за настава по физичко образование и спорт, кој ќе вклучува модерни терени за кошарка, одбојка и ракомет, како и комплетно опремени придружни простории. Како дополнителна вредност, овој објект е проектиран да биде пристапен и за лица со попреченост. Овој проект е дел од заедничките цели и силната соработка меѓу Општина Кисела Вода, Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија, со цел да обезбедиме најдобри услови за раст и развој на сите деца во Кисела Вода. Паралелно со оваа сала, активно работиме и на новата спортска сала во ПОУ “Круме Кепески” во Припор, како и на капиталните проекти за доградба на училиштата “Невена Георгиева – Дуња” и “Кирил Пејчиновиќ”. Оваа меѓуинституционална синергија е клучот за реализација на ветеното и за создавање подобра иднина за најмладите во нашата општина-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Ова е една од 30те активни градежни инвестиции во училишни објекти и спортски сали што Министерството за образование и наука ги реализира во моментов во повеќе општини на територијата на државата, а чија вкупна вредност е над 1 милијарда денари. Тука се завршени околу 60% од градежните работи и очекувам до 1 септември да завршат и да ја пуштиме во употреба- рече министерката Јаневска.

Додаде дека објектот ќе биде наменет за повеќе спортови, така што, наставата по физичко образование ќе биде значително унапредена, а ќе може да го користат и спортски клубови и рекреативци по завршување на часовите.

Јаневска рече дека во моментов се градат 4 нови спортски сали и 5 училишни објекти, се реконструираат 15 постојни сали и во 10 училишта има санациски зафати. Сите активни инвестиции, ќе бидат заокружени до крајот на тековната година.

-Ова е потврда дека грижата на Владата и на МОН за подобри инфраструктурни услови е исклучително голема. Потсетувам дека од почетокот на мандатот досега се вложени повеќе од 4 милијарди денари, односно околу 67 милиони евра во подобрување на училишната инфраструктура и продолжуваме со исто темпо и во периодот пред нас- додаде министерката.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
kolaybet
betpark
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
hititbet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
hitbet
betplay
betplay
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
betpark
betpark
jojobet
betpark
betpark
betnano
betnano
betnano
betnano
betpark
betpark
betpark
bettilt giriş
bettilt giriş
vdcasino
betwoon
betwoon
betwoon
vdcasino
betasus
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
bettilt
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
imajbet
imajbet
piabet
piabet
vizebet
vizebet
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
bettilt
imajbet
bettilt
vaycasino
vaycasino
vaycasino
vaycasino
bettilt
Betzula
bettilt
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vaycasino
vaycasino