Од вчера,15.09.2015, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев и тим од стручните служби од општината, ја започна редовната посета на месните и урбани заедници во општина Кисела Вода.
Први во агендата за посета беа месните заедници Подстаница и селото Драчево, каде граѓаните ги истакнаа своите барања, проблеми и потреби.
Заеднички се дискутираше околу можностите за изнаоѓање решенија од општината, граѓаните беа запознатии со тековните проекти на општината и проектите кои се во план да се реализираат во следниот период.
Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ нагласи дека од почетокот на 2015 година во МЗ село Драчево па се досега асфалтирани и санирани се дел од улиците, изградба – реконструкција на тротоари и санација улични ивичњаци, изградена е пешачка патека, крпење на ударните дупки и се прави тековно одржување на урбаната опрема на детските игралишта. Изградба на водоводна мрежа во месноста Три Круши, а исчистени се дел од Црн канал и реката Мала Рада.
Планирана е и изградба на челичен мост преку Мала Рада, како и тековно одржување на урбаната опрема и одржување на уличното осветлување. Ги информира дека од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одобрена е финансиска поддршка за реконструкција на Културниот дом во село Драчево, како и за изработка на ДУП за село Драчево
На средбата со граѓаните во МЗ Подстаница градоначалникот Беличанец – Алексиќ нагласи дека во тек е изработка на проект за рехабилитација на ул. „Сердарот“ со изградба на тротоар од десната страна до месноста Подстаница.
За денеска закажани се средби со жителите на населбата Драчево во 18:00 часот и жителите на урбаната заедница Усје во 19:30 часот.