Победниците од купот “Св.Ѓорѓија” беа на прием кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, каде беа присутни и Претседателот на Сојузот на училишен спорт на општината Дејан Стојмановски и селекторот и тренер во кошарка Благоја Кецовски.
На победниците од купот “Св.Ѓорѓија” кој традиционално се одржува по повод 6-ти мај, патронат на општината, од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски им беа врачени пехари и благодарници.Тие пак, му подарија дрес.
Кошаркарите Сребров и Глигориј од ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, водени од нивниот тренер, беа наградени за најдобри играчи поради освоеното првото место во општинската лига. Одбојкарката Марија од ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, е наградена со прво место во општинската лига во одбојка. Во ракометот се истакнуваат два играчи од различни училишта, Јаков Трајковски од ОУ “Кузман Јосифовски-Питу” како првенец во ракомет за мажи и ракометарката Сара од ООУ “Круме Кепески” како првенец во ракомет за жени. Во општинската лига за фудбал, ООУ “Невена Георгиева Дуња” го претстави најдобриот играч Леон како првенец во овој спорт.
– Младите се наша иднина за која треба несебично да се залагаме. Вложувајќи во нашите млади спортисти, подржуваме здрави животни навики и градиме мостови меѓу нив. Тимски играчи кои во иднината сложно ќе не претставуваат. Даваме поддршка и мотивација, а тие не наградуваат со нивните успеси. Оттука, како што им кажав на овие луѓе, кои се млади по години, а големи по успеси, секогаш можат да сметаат на поддршка од мене како градоначалник и од Општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.