Преку 15 000 посетители вечерва уживаа во фантастичната атмосфера на на првата вечер од Културното лето на Општина Вода.
Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото Културно лето.
Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои, во моментот работат на химна за Кисела Вода. Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одличо расположение по кое ќе се памети оваа вечер.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката веќе најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите 4 фестивалски вечери кои од вечер до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации. Утре Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Настапуваат Куд Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.