Search
Close this search box.

Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од  катастрофалниот земјотресот во Скопје

Делегација од Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес положи свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје во 1963 година, на гробиштата во Бутел.

– Секој 26 јули, стоиме заедно, со мисли и срца полни со почит и незаборав кон оние кои ги загубивме во катастрофалниот земјотрес што го погоди нашиот главен град пред точно 61 година. Овој споменик не само што го чува споменот за жртвите, туку и не потсетува на силата и издржливоста на нашиот град и на сите негови граѓани. По катастрофата, Скопје повторно се изгради, а ние, како општество, покажавме дека можеме да се издигнеме од пепелта и да продолжиме напред со обновена енергија и решителност.

Денес, додека положуваме цвеќе пред овој споменик, ветуваме дека ќе продолжиме да се сеќаваме на нашите загинати сограѓани. Нивната жртва нема да биде заборавена, а нашата обврска е да направиме се што е во наша моќ вакви трагедии никогаш да не се повторат. Работиме на зголемување на безбедноста и подготвеноста на нашиот град, за да обезбедиме иднината на следните генерации. Нека овој ден биде потсетник за нашата заедничка одговорност и нека не обедини во нашата цел да создадеме побезбедна и посигурна иднина за сите нас-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Споделете:

Scroll to Top